Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

рвена линија с6. е.037 денеска во 16:15 (10 деке. ’25)

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Секоја Нова година – иста песна. МВР апелира да не се употребуваат петарди и пиротехника за време на новогодишните празници, спроведува засилени контроли и потсетува на законските казни за користење, продажба и незаконско поседување пиротехнички средства. Секој декември, тимови составени од полицајци и лекари одржуваат стручни предавања во училиштата за ризиците од употребата на пиротехниката.
Но, наместо само радост и празнична магија, повторно се враќа истата опасност – петардите, а бројот на повредени секоја година расте. Пред Нова година продавачите на пиротехника се појавуваат како печурки по дожд. Казните, иако високи, изгледа дека никого не плашат. Децата доаѓаат до петарди, се повредуваат самите или своите блиски, а препродавачите го бројат ќарот и така остануваме во магичниот круг од кој нашето општество никако да излезе.
А, треба ли навистина празникот да биде проследен со солзи наместо со насмевки?
АНКЕТА: Нова година без петарди? Да / Не