Невреме ја зафати Европа – снег и мраз ги парализираа аеродромите, а обилните дождови предизвикаа поплави низ регионот. На Балканот, снег и прекини во сообраќајот има во Босна и Херцеговина и Хрватска, додека во Црна Гора е активен црвен метео-аларм поради излевањето на реката Зета. Критична е состојбата и во Албанија, особено во Драч.
Во Македонија снегот почна да паѓа, но дождовите веќе создаваат проблеми – во Битола се поплавени повеќе улици. Според УХМР, следуваат два брана врнежи – утре и во сабота, со пад на температурите и можни минус 10 степени на почетокот од следната недела. Ќе нè изненади ли повторно времето?
АНКЕТА: Ќе ги изненади ли времето институциите? Да/Не