Со карате успеси ни стартува и 2024 година, а со освоен Бронзен медал во Атина, во ,,Фер-плеј” ја пречекуваме Вероника Костовска, заедно со нејзиниот тренер Александар Кузмановски.
Дали беа тешки борбите на патот до медалот?
Постои ли разочарување – зошто не е Златен?
Вероника ни открива како успева да биде истовремено успешна студентка на Медицинскиот факултет и каратистка со активна натпреварувачка кариера?
Од тренерот дознаваме за индивидуалниот пристап кон секој негов ученик.
Зборуваме и за селекторската улога и тоа дали успева непристрасно да ја извршува, со цел Македонија на меѓународно ниво да се претставува и бори со најдоброто кое го имаме во карате спортот…