Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП7 – со Давид Бабунски и Јани Атанасов

/

пред 669 дена

Сподели преку :

Успешно заокружениот циклус квалификации во Фудбалската Лига на нации е причина за разговор на тема фудбал, со двајцата фудбалери од средниот ред на македонската репрезентација.
Ни ги пренесуваат и нивните клупски искуства и  драстично различните почетоци на кариеерите – Бабунски во „Ла Масија“ – младинската школа на Барселона, а Атанасов во Академија Пандев и младинските репрезентативни категории –  како отскочна даска за интернационалната кариера која ја има сега.
Дознаваме за нивните досега најатрактивни и незаборавни потези на фудбалските терени, како и за потешките моменти, грешките во поглед на трансферите…
Дали Бабунски се кае за преминувањето од Барселона во Ц. Звезда? Какви искуства имаше во Јапонија? Каво беше чувството да игра во иста екипа, а како да бидат противници со неговиот брат Дориан во Унгарската лига?
За искуството да бидеш играч на Хајдук, тимот со една од најголемите и најлојални навивачки групи дознаваме од Јани Атанасов.
Фер-плеј со Јана, недела 16:15 на Телма.