Ферплеј со Јана – С02ЕП35 со Милош Биковиќ и Илија Стефановски
Ексклузивен гостин во ,,Ферплеј со Јана” е српската актерска ѕвезда, Милош Биковиќ.
Зборуваме за тоа колкав е предизвикот да се игра автентично улога на фудбалер на филмското платно, задача која тој ја имаше со Тирке во ,,Монтевидео”?
Кој српски спортист би сакал да го одглуми во иднина?
За кого навива и дали верува во фер-плеј?
А, дознаваме и како се подготвуваа познатите македонски актери за улогите на фудбалери во филмот ,,Трето полувреме”?
Кој од нив има најголем талент?
Колку време им беше потребно?
Нивен тренер, а и колега на сет беше Илија Стефановски, кого го пречекуваме во нашето студио за да ги дознаеме деталите од позади сцената.
Гледајте нѐ, во недела 16:15 на Телма.