Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферплеј со Јана С02ЕП10 – За Светското фудбалско првенство, но и за македонската фудбалска сцена со Владица Брдаровски и Филип Гачевски.

/

пред 1415 дена

Сподели преку :

На денот кога и официјално ќе стартуваат фудбалските возбудувања на Мундијалот, во „Ферплеј“ зборуваме за очекувањаа од Светското фудбалско првенство, но и за македонската фудбалска сцена со играчот од редовите на Шкупи, Владица Брдаровски и голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски.
Дали Фк Шкупи ќе успее да ја одбрани домашната титула? Ќе ја одржи ли екипата добрата атмосфера по несаканите инциденти и суспензијата по натпреварот против Шкендија? Како се вклопија странските играчи  во атмосферата во Чаир?
Во очи големата прослава по повод 75 години од основањето на ФК Вардар и 35 од основањето на навивачката група Комити, Гачевски зборува за атмосферата во  „Црвено – црните“ редови и желбата за враќање на стариот клупски сјај.
Како тие  ја оценуваат македонската фудбалска репрезентација и зошто Филип се разочара од одлуките на селекторот Благоја Милевски?
Каков е нивниот стил и дали се разликува многу од оној на светски познатите фудбалски ѕвезди?
Гледајте „Ферплеј со Јана“, во недела, 16:15 на Телма.