Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фер-плеј со Јана С03ЕП5 – Куп на перформери

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Во оваа епизода ви откриваме во која смисла спортот и уметноста –  односно сценските уметности, можат да бидат под иста капа.
Наша тема е „Купот на перформери“ натпреварување за сценски изведувачи, каде тие добиваат оценки и соодветно – медали на национално, регионално, европско и светско ниво.
Ви претставуваме како и каде се одржува ова натпреварување, организирано под капата на  Интернационална Федерација на изведувачи на сценско- спортски уметности  –  „FIPASS“, признаена од Интернационалниот Олимписки Комитет.
Наши гости во студиото се:
Лина Ѓорчева – музичар, комуниколог, дел од тимот на „FIPASS“ и координатор на натпреварувањето во Македонија и регионот.
Валентина Спампинато, Италија – балерина, ТВ водител, Претседател на „FIPASS“  и, македонските натпреварувачи кои се закитија со медали на Европското првенство за сценско спортски уметности:
Софија Неданоска, Јован Маџовски и Александра Трајческа.
Нашиот термин е недела, 16 часот и 15 минути, на Телма.