Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секој сака пехарот ,,Македонски бисер” да го подигне

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Дали Могамед Ибрагимов бил добар борач или добар човек? – Добар човек е одговорот кој сакам да го дадат луѓето, сподели Олимпискиот медалист пред камерите на ТВ Телма.
Ретко зборува јавно поради тоа што сѐ уште не го владее перфектно македонскиот говор – со оглед на потеклото од Дагестан, местото каде се родени дел од најпознатите и најпопуларни борачи, во поновата ера од UFC конкуренцијата (пример: Хабиб Нурмагомедов).
Дознаваме детали за улогата и влијанието на македонскиот бизнисмен и поранешен Претседател на Боречката федерација во прифаќањето од страна на Ибрагимов да се натпреварува под македонско знаме.
Како еден Бронзен Олимписки медал може да биде и недоволен, донекаде и разочарувачки кога борачот е свесен дека може повеќе и посакува Злато?
Могамед Ибрагимов е актуелен тренер во БК Бучим каде неговите ученици ќе се натпреваруваат на истата сцена како тој некогаш: годинашното е 50то, јубилејно издание на меѓународниот турнир Македонски Бисер.
30.мај 2026, Радовиш.
,,Фер-плеј” со Јана, секоја недела во 16:15 на Телма.