❓Каков е студентски живот во Македонија и што може да се поправи? Студентите отсекогаш биле мета на влијание, па оттука клучното прашање е: Дали еден студент може во исто време да биде дел од политичка партија и притоа да биде студентски активист? Студентски оброк, стипендии, студентски домови, превоз… ставки во студентскиот стандард кои секоја година треба да се покачуваат, а сепак некако остануваат исти. Кога ќе има подобрување?
📚На овие и на уште многу други студентски и младински прашања побаравме одговори и можни решенија од Ангела Василевска, претседателка на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, а воедно и претседавач на Националното студентско тело.
🎙️Премиерата на 15-тата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот
🎧Сите епизоди се достапни на Youtube подкаст каналот на Телма и на Spotify