Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Игор Здравковски (ВМРО-ДПМНЕ): Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што тоа предизвикува бум

/

пред 593 дена

Сподели преку :

-Добро е да учиме од туѓи грешки некогаш и ние учиме, СДСМ пробаа со замрзнување на цените, пробуваа со некакви пакети што беа ограничени со месец, два, три. Ние баравме тие пакети да траат додека беше организирана кризна состојба и иако беше прогласувана кризна состојба на 6 месеци пакетите се носеа на месец два или три и тековно се гледаше како ќе биде, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски во ТОП Тема на Телма.

Здравковски рече дека не е прифатливо барањето за замрзнување на цени и дека треба да се внимава со мерките и покачувањата за да не се предизвикаат последици.

-Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што после тоа прави бум, дополнително притисокот од синдикатите и ова што го бара опозицијата со зголемување на минималната плата ќе направи многу голем трошок на стопанствениците. Производителите на храна за дополнително ги зголемуваат цените, министерството за економија во рамки на владата  има комуникација и  е во постојан дијалог со сите засегнати страни и мораме да донесеме мерка која што ќе биде прифатлива за сите, изјави во вечерашната ТОП Тема пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Каја Шукова (СДСМ): Сетот на 7 мерки немаше да го предложевме ако видевме дека имаме добар инпут на владатa