Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Српска приватна лабораторија ќе се грижи за квалитет на храна поради пониски цени од научните лаборатории во Македонија

/

пред 2008 дена

Сподели преку :

Храна за доенчиња и производи од жито, органски произведена домашна храна во Македонија, додатоци за храна- квалитетот на овие прехранбени артикли многу скоро ќе почне да го проверува српка приватна лабораторија која со пониска цена успеала да ја земе оваа обврска од највисок јавен интерес од македонските државни научни лаборатории.

Во КОД вечерва на оваа тема зборуваат директорот на агенцијата за храна и ветеринарство кој тврди дека јавната набавка е законска, како и професорите од Ветеринарниот факултет и од Институтот за јавно здравје сметаат дека несоодветна лабораторија ја добила оваа важна задача и бараат интервенција на ресорните министри.

Тендерот го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, кога прашавме дали тоа значи дека сега примероците од увозна храна ќе се анализираат во Белград, директорот ни посочи дека тендерот уште не е официјално завршен поради жалби и дека има неколку опции.

Македонските државни лаборатории за квалитет на храна не останаа со скрстени раце за овој упад во чувањето на здравјето. Институтот за јавно здравје и факултетот за ветеринарна медицина напишаа писмо до тројца министри и до Бабовски. Оценуваат дека наместо национален интерес за јавното здравје добиваме странска лабораторија со помал квалитет и исксуство од државните.

Во КОД вечерва и за прогнозите како ќе се развива епидемијата со Ковид, но и потсетување како беше лани кога државата се соочи со новиот вирус и презеде рестриктивни мерки кои сега не се применуваат и покрај огромната разлика во бројот на заболени.