1.Во оваа емисија на КОД донесуваме два случаи поврзани со мито и корупција, едниот нема крај –тоа е случајот со зградата на Соравија во која влезе Дрин Ахмети за која КОД пишуваше веќе неколкупати. Но, откривме нови детали и најновите случувања со мито во рацете на првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделие кој беше фатен како зема мито од 50.000 евра, Васе Анакиев, но и претходниот случај во кој е вмешан екс-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кому му се суди за примање поткуп и финансиски малверзации со користењето на ИПАРД фондовите .
2.Двата случаи со мито го треасет земјоделскиот сектор, а двајца директори на Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој Илија Стилев и на инспекторатот за земјоделство Васе Анакиев завршија зад решетки. Стоилев седна на обвинителна клупа за злоупотреби на ИПАРД-3 програмата, а Анакиев се гони за злоупотреби со увоз на земјоделски производи. А цифрите на бараниот поткуп исти- 50 илјади евра. КОД открива како се одвивала шемата преку која на Стоилев му биле ветени парите за да го одобри проектот на фирмата Сигнас Арго во сопственост на поранешниот министер Џевдет Насуфи. Во тек е истрагата како под седиштето на авотмобилот на Анакиев се нашле парите за да издаде дозвола за увоз на стока.
3.Се продава „Соравија“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра – извршител го распишал огласот по деновите на жалост за Кочани. Ова беше последната информација до која стаса КОД поврзана со шемата на купување и продажба на зградата во центарот на Скопје. Фирмата Тхор на Дрин Ахмети заедно со фирмата каде управител беше неговата сопатничка Егзона Ризмани не застанале овде- „Соравиа инвест“ е во црвено и со блокирана сметка под стечај. Дрин кој на македонската јавност и се претставуваше како голем бизнисмен кој ќе ја разработи Соравија всушност е заплеткан во долгови кон доверителите особено кон бугарската Прва Инвестициона банка која ја држи зградата под хипотека. За да ги избегне долговите смислена е шема за нелегален стечај .
Но, и ова не е се. Фирмата Тхор се јавува и во дрѕга зделка -со фирма од Азербејџан како инвеститор во бизнис со води кој никако не се реализирал -но намерата била да се земат европски пари преку министертсвото за екологија а Тхор наместо да ги плаќа долговите кон доверителите префрлал пари кон азербеџанската фирма. Во овој КОД ја отплеткуваме мрежата која се обидел Дрин Ахмети да ја сплете кон банката, УЈП и другите доверители во случајот Соравија.
Емисијата беше прикажана на 29.03.2026. на ТВ Телма.











