Нова приказна за марихуана MADE in Macedonia– Србија откри 5 тони во магацин кај Крушевац и веднаш ги поврза со скопска фирма на еден од уапсените.
Дрогата лесно стигнала во Србија, но документите потребни на македонската истрага се уште не се испратени. Во претреси во 4 фирми за медицинска марихуана во ОХИС и Струмица најдени десетици тони, кои се надоврзаа на картелската сторија скроена во Србија.
КОД го истражува патот на канабисот и неправилностите откриени во фирмата Алфафарм груп.
Шверцот открива сериозни недостатоци во контрола на лиценцираните фирми за медицинска марихуана. За контролата се надлежни само неколку државни службеници кои работат без софвтер и дигитална архива. Оние што укажуваат на проблемите се соочуваат со притисоци.
Емисијата беше пријажана премиерно на 08.02.2026. на ТВ Телма.











