Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: МНР молчело и не одговарало на барањата на адвокатот на уапсениот дипломат Миле Миленкоски

/

пред 1434 дена

Сподели преку :

Во вечерашната емисија на КОД, второ продолжение од ексклузивното интервју со Миле Миленковски, македонски дипломат којшто по ерменска потерница беше уапсен во Србија лани во август и помина 5 месеци во притвор во Врање.

Миленкоски објаснува како бил оставен од своите колеги од дипломатијата и од МНР откако за него бил изготвен извештај од македонска разузнавачка агенција во кој, како што сметаат неговите најблиски, биле изнесени многу невистини и клевети.

МНР го отпушта по ослободувањето без да му даде било каква помош на својот дипломат кој имал пристап до строго доверливи информации на дипломатската мрежа.

Адвокатот на Миленкоски од Србија, во изјава за КОД објаснува дека досега имал повеќе притворени странски клиенти но првпат не добил никаква помош или одговори кои ги барал од амбасадата на земјата чиј државјанин го застапувал. Дополнително не му одговарало ниту МНР од Скопје иако станувало збор за дипломат.

Во интервјуто, Миленкоски открива и детали за поранешни и сегашни функционери и колеги-амбасадори кои наместо да му помогнат го обвинувале за политички цели. Ги спомнува Антонио Милошоски, Бујар Османи, Виктор Димовски од АНБ, но и многу други.

Ерменската врска на дипломатите од МНР со ново продолжение во КОД вечерва (30.10.2022.) во 19:15 на Телма.