Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Пет жени политичарки под постојан напад на социјалните мрежи, интервју со Роберт Скот Хејзлет (НДИ)

/

пред 909 дена

Сподели преку :

Жените во македонската политика се соочуваат со навреди од сите страни, а пред се онлајн. Анализите на Националниот демократски институт (НДИ) покажуваат дека 5 политичарки периодов биле најчеста мети на говорот на омраза.

Во КОД интервју со вишиот директор на институтот, Роберт Скот Хејзлет кој вели дека анализите покажуваат сурови тенденции дека е многу поверојатно политичарките да искусат родово базиран говор на омраза, вознемирување, сексизам и таков вид на коментари. Од јануари досега имало над 3 илјади коментари со говор на омраза во кои биле спомнати политичарките.

Во КОД ќе гледате и за тоа дека во 2022-ра година најголеми странски инвеститори во државите од западниот Балкан биле Кина и Русија. Тенденцијата се зголемува со почетокот на војната во Украина, а најголем дел од овие инвестиции се во Србија и Република Српска.

КОД е по вечерните вести на Телма во 19:15.