Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Прецизен план на групата на Палевски за убиство на Вања, швајцарски пари за избеганиот и бугарска „добивка“ на Лотарија во Скопје

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Код ја продолжува истрагата за убиството на 14-годишната Вања која на свиреп начин е застрелана од Љупчо Палевски Палчо, а грабната од неговите приврзаници.

Детали откриваат прецизен план и пеколна хиерархија на групата предводена од партиски лидер кого поклониците го нарекувале Папата.

Сите учесници во злосторот се уапсени, но мотивот за ладнокрвно убиство на 14-годишно девојче се уште не е откриен и подгрева најразлични шпекулации.

Какви информации имаат разузнавачите за Палевски и неговата партија. Колку тие информации се полезни за истрагата за која надлежните уште молчат.

КОД со ново истражување за големите пари во онлајн коцкањето. Додека Државната Лотарија молчи, бугарска фирма се пофали со „добивка“ од лотаријата во Македонија.

Емисијата на КОД, „Прецизен план за убиство на Вања и бугарска „добивка“ во Скопје“ беше емитувана на ТВ Телма, на 24.12.2023.