Македонски апелационен судија осомничен дека имал штек со пари како мексиканските картели- скриени во ѕид.
Евра завиткани во ролни од алуминиумска фолија- во шуплините на циглите зад шпоретот во кујната.
КОД открива како истражителите стасале до бункерот во кој се криеле 350 000 евра.
Кој е судијата Ѓоко Ристов кој со децении суди предмети во кои се инволвирани политичари бизнисмени, ВИП личности- а на крај колегите му дадоа домашен притвор.
Дали трагата на парите ќе открие и други подмитени во правосудството и до оние што давале пари за правда во сопствена корист.
Емисијата беше прикажана на Телма на 25.01.2026.











