Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реакција на македонската компанија Раде Кончар на емисијата КОД за Трафостаницата Охрид

/

пред 956 дена

Сподели преку :

Од македонската компанија Раде Кончар реагираат бидејќи името на нивната компанија е спомнато во прилогот на КОД за неизградената трафостаница кај Охрид, за чија изградба МЕПСО ја ангажираше хрватската компанија Кончар.

Во продолжение целосното обраќање на оваа компанија:

„Со оваа порака сакаме да ве известиме дека нашата компанија “Раде Кончар”, е целосно македонска компанија со 75 годишна традиција ,богата историја и значаен допринос за развојот на индустриската сцена во нашата земја. Нашите производи и услуги се препознатливи на домашниот и меѓународниот пазар и се познати по квалитетот и иновациите.

Затоа, бараме јавно извинување за грешката со именување на Хрватската компанија “ Кончар “ со нашето име “Раде Кончар” во вашата емисија КОД и во вестите, и ви се обраќаме со силно искрено очекување дека ќе ги исправите наведените неточности. Нашата цел е да се заштити нашиот идентитет и репутација како македонска компанија и да не бидеме погрешно идентификувани во јавноста.

Ви благодариме на разбирањето и вниманието и се надеваме дека ќе ги превземете потребните мерки за коригирање на оваа грешка.

Со почит,

Горан Антевски , Раде Кончар -ТЕП

Владанка Трајкоска , Раде Кончар-Сервис“

Во наведените содржини каде е констатирана грешката, истата е отстранета. Грешката не е намерна, а пред именувањето на конкретната компанија во сите содржини е посочена државата Хрватска односно дека изведувач на конкретните активности е хрватска, странска компанија.