Каде за Нова Година?
Одговорт е едноставен … Во топлината на својот дом и традиционалната новогодишна трпеза на 31 декември бидете на Телма. Од Македонскиот Народен Театар – директно во вашите домови ќе направиме Новогодишна галама.
Вашите домаќини Јана Стојановска и Жаре Бербер со своите гости ветуваат одличен дочек на новата 2025 година и уште подобро испраќање на старата 2024та.
Започнуваме на 31 декември е во 21.15 минути, а Јана и Жаре низ разговор и песна ќе ги дочекаат своите гости: Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Стефан Николовски, Анета Молика, Мишел Трајковски и многу други кои заедно со Галама бенд ќе се погрижат атмосферата во вашиот дом да ја направат славеничка…











