Наградата „Мето Јовановски“ за човекови права ја добија Ленче Здравкин, позната по тоа што пречека и помогна на многу мигранти и Денис Јанкуловски кого децата го нарекоа „Космонаутко“ кога им земаше брис за време на Ковид кризата.
Со оваа награда им се одава признание за долгогодишниот ангажман во областа на човековите права и нивните хуманитарни акции.











