Дел од невладините со критики на предложениот закон за висока раководна функција. Се креира ли брана за партиските директори, се воспоставува ли мерит системот или повторно се остава простор за партиски заслужните или послушни кадри.
Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, Марија Мирчевска, раководителка на Центарот за добро управување во ИДСЦ и Есма Адиловиќ Фазлиќ, кординатор на работната група за законот во министерството за јавна администрација.











