Годишно околу 4.000 луѓе во земјава умираат како директна последица од пушење цигари, но тоа не е пречка Македонија да биде најпушачка нација во Европа со 45,5% пушачи.
Дали предлог-законот за заштита од пушење ќе го смени тоа? Угостителите и трговците сметаат дека предлог-законот е многу ригорозен, а лекарите дека ако тој не се спроведе, цената што ќе се плати со здравјето на нацијата ќе биде прескапа.
Во Топ Тема дебата со Никола Грпчевски, државен советник во Министерството за здравство, д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ, проф. д-р Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна и д-р Љупчо Јаневски од Сојузот на стопански комори, како и интервју со проф. д-р Деска Димитриевска од Клиниката за пулмологија.











