Трагедијата во Кочани ја отслика ерозијата на системот. Списокот на пропусти и незаконитости, кои доведоа до кобната ноќ во дискотеката “Пулс”, расте. Три ипол децении корупција, партизираност и неказнивост.
Кој ќе стисне сопирачка и ќе го сврти воланот кон вистинска патека? Од каде треба да почне ресетирањето на системот?
Граѓаните на собири испраќаат конкретни барања, власта ветува расчистување и одговорност а опозицијата се сомнева во селективност.
Вечерва во Топ Тема, анализа со Снежана Камиловска Трповска од МЦМС и Борјан Ѓузелов, политиколог.











