Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема – Тагата и сочувството прераснуваат во гнев и огорченост 17.03.2025

/

пред 565 дена

Сподели преку :

И зборот за утеха и изразите на сочувство стануваат недоволни за болката. Тагата и молкот, сочувството со семејствата на 59 починати во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, прераснуваат во гнев и огорченост од институционалната неодговорност и бирократската дрскост, од политичкото лешинарство и отсуство на емпатија кога и во ваква голема трагедија се ловат политички поени, се самоиздигнуваат во корифеи на некакво  возобновување на системот или лицемерно бараат одговорност. А сите заедно треба само да сведнат глава, оти не се ниту нови, ниту од вчера, и сте имале можност нешто да сторат за да биде поинаку, да нема систем кој убива. Се бараат одговори.