Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стевановиќ во Топ Тема: Британската варијанта покажа поостри заби на Ковид во однос на претходната

/

пред 2008 дена

Сподели преку :

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стефановиќ, во вечерашната тема зборуваше за британскиот сој на корона вирусот, кој минативе недели забрзано се шири во нашата држава.

Таа оцени дека овој бран од пандемијата, предизвикан од британскиот сој, покажува влошувања во некои случаи и по 13-тиот и 14-тиот ден од болеста, но и на самиот почеток од заразата.

Станува збор за понепредвидлив вирус кој развива потешка клиничка слика, вели Стевановиќ, додавајќи дека зголемен е и бројот на хоспитализирани пациенти од помлади години.

За лекување на овие пациенти потребен е и подолг временски престој во болница, вели директорката на инфективната клиника.