По нешто повеќе од еден месец откако Транспаренси Интернешанал го објави податокот дека Македонија паднала на 111 место по индексот за перцепција на корупцијата, власта денеска излезе со акциски план за борба против корупцијата. Што нови нуди овој план, што е тоа што ќе даде резултати и на краток и на долг рок, ќе се стави ли крај на наместените тендери, и на корупциските стеги во администрацијата и на уште многу други прашања, во Топ Тема одговара вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.











