Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарскиот аналитичар Владимиров за Топ Тема – Русија има силно влијание во Бугарија

/

пред 1644 дена

Сподели преку :

Во односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија а најповеќе во однос на наметнатото вето од страна на Бугарија има влијание на трети страни и тие трети страни за мене се прилично јасни, тоа се Србија и тоа е Русија, изјави во вечерашната Топ Тема, бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров.

Тој оцени дека влијанието на Русија во Бугарија е многу силно, што најдобро се гледа кога ќе се погледне економијата на нашата соседна држава.

„Најголемата фирма во Бугарија е во руска сопственост. Тоа е Лукоил Бугарија. Над 95% од нафтата и гасот во Бугарија доаѓаат од Руската федерација. Имаме огромна зависност од Русија. Реформската влада на Петков е првата влада во новата политичка историја на Бугарија, значи 30 години од 90-тите, кое работеше и за еден месец ќе ја пушти гасоводната врска со Грција, како алтернативен извор за достава на гас. Тоа е разликата меѓу тоа што беше досега во Бугарија и новата реформска влада. Русија има огромно влијание во Бугарија“ – изјави Владимиров.

Според него,  двајцата највисоки  бугарски раководители во овој миг, Премиерот и Претседателот, имаат различни гледни точки, кои се очигледни.

„Претседателот Радев е претставник на поконзервативната политика, дури во одреден степен, на малку повеќе националистичката политика, додека Премиерот Кирил Петков е претставник на полибералната, поевропската политика“ – оцени Владимиров.