Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сериозни предупредување во Топ Тема: Без владина помош за компаниите, во октомври нов бран отпуштања

/

пред 2208 дена

Сподели преку :

Во октомври ќе следува нов бран на отпуштања, ако владата не им помогне на компаниите сега и веднаш, оцени претседателката на Сојузот на Стопански комори, Даниела Арсовска во вечерашната   „Топ Тема“, во одговор на прашањето за можното зголемување на бројот на граѓани кои може да ја изгубат работата заради пандемијата корона вирус.

Стопанските комори бараат од владата да биде продолжена помошта од 14 500 денари за фирмите, кои според нив треба да добијат и грантови. Истовремено, неопходно е и да бидат подготвени и протоколи за работа во сите сектори, бидејќи во моментов дел од превозниците и угостителите немаат протокол за работа.

Стопанственикот Горан Рафајловски во вечерашната Топ Тема оцени дека вели дека за стопанството треба да се дадат сериозна количина на пари, а не да се оди со популистички мерки како платежните картички за граѓаните кои ги оценува како мерки со краткотрајни ефекти.  Фокусот на владината помош, според него, треба да биде на помошта за 80.000 мали и средни претпријатија.