Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема: Интервју со генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски

/

пред 1482 дена

Сподели преку :

Минатата година точно е дека имавме најниско производство на електрична енергија во државата, оваа година имаме 40 % зголемување само во делот на термоелектраните или вкупно, кумулативно имаме зголемување за 15 % во претходната година во однос на првите 7 месеци, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во вечерашната Топ Тема.

Тој во емисијата покажа и табела која според него илустрира дека кога ќе се погледне историското производство на електрична енергија во нашата држава, во однос на термоелектраните, се забележува дека од 2010-та година наваму има надолна линија.

„Не е точно дека ако склучиме договор за испорака на електрична енергија со Бугарија, трансферот ќе оди преку Грција“, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Тој во вечерашното Топ Тема интервју  информираше дека заклучно со наредната недела треба да завршат работните групи на Северна Македонија и Бугарија кои треба да ги дадат предлог договорите за испорака на електрична енергија. Бугарија има вишоци кои ги продава на берзите, а земјава, како што рече Ковачевски, побарала испорака на 200 мегавати базна енертија, контиунирано, 24 часа, од 1 октомври до 30 април.

Во делот на билатералниот договор, Северна Македонија ќе предложи трансферот на струја да оди без надомест.