Со одлуката за безбедна зона околу Собранието нема прекршување на Уставот. Според универзитетскиот професор Борче Давитковски ова е реална одлука со цел да не се попречува работењето на пратениците во Законодавниот дом. Според него сепак мора да има одредени правила на игра.
Според активистите во земјава ова е голем удар врз Демократијата и слободата на движење во земјава.











