Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вин Вин (15.06.2023) интервју со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски

/

пред 1206 дена

Сподели преку :

Вечерва, Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија рече дека реалната состојба во моментов во Македонија е дека владата не располага со 2/3 мнозинство за изгласување на уставните измени. Власта да располагаше со 2/3 мнозинство вчера ќе имаше гласање во Собранието.

„Не веруваме во тоа дека гаранции не се возможни. Нашиот став не е фудиран единствено на тоа што ние лично го мислиме во нашето  раководство во рамките на партијата, со луѓето со кои што се консултираме. Туку нашето гледиште дека гаранции од европските институции се возможни го основаме на контакти, разговори, со претставници на Влади од ЕУ, со претставници од Европската Народна Партија, со кои што можеме да разговараме за каков тип на гаранции можеме да обезбедиме за државата за кои што сметаме дека би биле целисходни и би биле оправдани за да поуспешат нашиот пат кон ЕУ“, рече тој.