„Великиот мајстор “ е епска драма инспирирана од животот на кунг фу мајсторот, Ип Ман. Приказната опфаќа бурен период од републиканската ера која ја следеше падот на последната кинеска династија, време на хаос, раздор и војна, што е и златно доба на кинеските воени вештини. Драмата беше номинирана за две награди „Оскар“.
Режија: Ванг Кар Ваи; Улоги: Тони Леунг, Зији Занг











