Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЕТЕ 44 – петок, 26 мај 2023 – 22:15

/

пред 1232 дена

Сподели преку :

Нема злосторства во рајот, е основната порака на Сталиновиот режим.

Лев Демидов (Том Харди) воен херој, а сега полицаец од тајната служба, е еден од оние луѓе во Советскиот Сојуз од времето на Сталин од кој сите се плашат. Тој никогаш не ја доведува во прашање својата патриотска должност – сè до моментот кога синот на неговиот пријател е брутално убиен. И покрај неспорните докази, Лев е принуден да молчи и да не покренува истрага, а смрта на детето е прогласена за несреќен случај. Меѓутоа, кога неговата сопруга (Номи Рапас) е обвинета дека е предавник, а Лев одбива да да ја наклевети, паѓа во немилост на претпоставените. Деградиран и протеран од Москва испратен да работи во провинција како обичен полицаец. Во мрачната провинциска станица, Лео и Раиса ги здружуваат силите со генералот Михаил Нестеров (Гери Олдман) и открива дека постојат и други убиства на деца, кои неверојатно потсетуваат на смртта на синот на неговиот пријател. Лев започнува сопствена истрага и открива дека неговата врска со овие злосторства е посилна и поопасна отколку што можел да замисли. Нивната потрага по правда се заканува на целиот систем на прикривање на злодела, спроведено од психопатскиот ривал на Лео, Васили (Џоел Кинаман), кој инсистира дека „Нема злосторства во рајот“.