Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕНЕА – петок, 17 октомври 2025 – 22:30

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Енеа е млад човек на прагот од триесеттите, којшто чувствува дека живее во „мртва и декaдентна“ епоха и се обидува низ животот да му врати смисла. Заедно со неговиот најдобар пријател Валентино, кој неодамна станал пилот, Енеа се впушта во светот на дрогата, оргии и ноќен живот – начин да ја преживее својата младост низ екстреми. Но, филмот не е само приказна за криминал. Во позадина на нивните ризични избори се испреплетуваат семејни болки: татко што живее со меланхолија, брат кој се соочува со проблеми во училиште, мајка разочарана од љубовта, и една девојка која е многу повеќе од само убавина. Ќе се појави и „среќен крај“ и „среќна смрт“, симболика и емоции кои покажуваат дека крајностите на изборите на Енеа и Валентино се повеќе од личен бунт — тие се потрага по вистински живот, по љубов и пријателство, во свет кој изгледа кршлив како стакло. Филмот беше номиниран за Златен Лав на Филмскиот фестивал во Венеција.