Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ГОСПОЃИЦА МАРКС – сабота, 14 декември 2024- 00:00

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

„Госпоѓица Маркс“ – историска драма за најмладата ќерка на Карл Маркс, Еленор, во режија на италијанската режисерка Сузана Никарели.

Била активистка, преведувачка, феминистка.

Меѓу првите жени кои ги поврзаа темите на феминизмот и социјализмот, таа учествува во работничките битки и се бори за правата на жените и укинување на детскиот труд.

Од друга страна не можела да се извлече од „токсичната врска“ и трагично завршила. Таа со години го толерирала својот партнер Едвард Авелинг (биолог и приврзаник на Дарвин), кој ја изневерувал, ѝ ги трошел парите и ја понижувал.

Кога открила дека Едвард тајно се оженил со млада актерка се отрула со цијанид на 43 годишна возраст. Нејзината смрт е регистрирана како „самоубиство во состојба на привремено лудило“.