Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛЕТО ЗА ПАМЕТЕЊЕ – недела, 15 јануари 2023 – 19:45

/

пред 1365 дена

Сподели преку :

Урнебесна, топла комедија за растењето, сместена во жестоко лето кога границите за едно момче се менуваат.

Срамежливиот 14-годишен Данкан оди на летен одмор со својата мајка, нејзиниот препотентен дечко и ќерката на нејзиното момче. Имајќи потешкотии да се вклопи, Данкан наоѓа неочекуван пријател, Овен, менаџер на водениот парк Water Wizz.

Данкан (Лиам Џејмс) не е популарно дете и се чини дека летото нема да понуди нешто подобро за него. Момчето на неговата мајка ги поканило во неговата куќа на плажа каде се очекува Данкан да ја подобри својата личност и физичкиот изглед, но и да запознае девојки. Данкан талка во Water Wizz, локалниот воден парк и сретнува некој од вработени кои се забавуваат. Овен (Сем Роквел) му дозволува на Данкан да работи со него, а нивното новооткриено пријателство ќе помогне да созрее и да го најде своето место во животот. Тоа за Данкан значи да се соочи со предизвиците, да разговара со девојката од соседството и да се чувствува подобро во сопствената кожа.