Глумец и сценарист во еден судбоносен момент, открива дека животот е случаен, а среќата слепа. Како поминува времето и се доближува кон смртта, тој почнува да меша реалноста со илузијата. Ликовите и луѓето ги подредува според неговата вистина. Дали тоа што го гледа е само сон во сонот. И конечно колку е поблиску до својата цел, тој толку повеќе се оддалечува од неа.
Гледајте го брилијантниот Ентони Хопкинс кој ја толкува главната улога во овој филм.











