Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА – петок, 12 декември 2025 – 22:30

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Добитникот на канската „Златна палма“ за најдобар филм во во 2022 година, филмот на Рубен Остлунд е урнебесна, пресмешна и брутална сатира за ултра-богатите и за ѕвездите на социјалните мрежи. Во светот на модата, познатата двојка на модели Карл и Јаја се поканети на луксузно крстарење за ултрабогати патници: руски олигарх, британски дилери на оружје, со капетан на брод кој е алкохоличар марксист.
Она што на почеток изгледа совршено за на Инстраграм завршува катастрофално, прво кога патниците ќе ги фати тешка морска болест за време на вечерата од седум оброци со капетанот – долга, хистерична сцена што ќе влезе во филмската историја, а потоа кога јахтата ќе потоне и тие ќе се најдат на пуст остров со група милијардери и една чистачка. Општествената хиерархија се менува, откривајќи го евтиниот и вулгарен однос меѓу моќта и убавината.