Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНДИНЕ – сабота, 17 февруари 2024 – 22:15

/

пред 964 дена

Сподели преку :

Во оваа современа интерпретација на Малата сирена, Ундине ја отфрла улогата на отфрлена, беспомошна жена и повторно се заљубува.

Ундине е млада жена со диплома по урбана историја која организира тури за развојот на Берлин. Таа работи хонорарна работа и живее во мал, безличен стан. Колку и да изгледа обичен нејзиниот градски живот, таа крие голема тајна. Кога нејзиното момче ја остава за друга жена, таа е зафатена од проклетство што за еден човек би значело смрт, а за друг збогување со земното постоење. Но, Ундине се противи на својата судбина, а кога се појавува Кристоф таа се заљубува во него. Тој е индустриски нуркач и ѝ го покажува својот подводен свет – кој таа веќе го знае. Тоа е дел од нејзината тајна и проклетството од кое не може да избега. Ундине е млада, но има старо, митско име. Во митот, таа живее во шумско езеро како убава, девствена нимфа. Таа мора да се омажи за човек кој ќе стапне на брегот на езерото и ќе го извика нејзиното име, но ако мажот ја предаде љубовта, тој мора да умре.

Паула Бер доби Сребрена мечка за најдобра женска улога, а филмот беше номиниран за надобар филм на фестивалот во Берлин во 2020 година.