Филмот ја раскажува вистинската приказна за шесте американски војници кои го подигнуваат знамето на САД за време на крвавата битка на островот Иво Џима во Втората Светска Војна Фотографијата од тој момент станува еден од најпознатите симболи на војната.
Но зад херојската слика се кријат сложени и болни лични приказни. Тројца од војниците кои преживуваат се испратени дома за да учествуваат во пропагандна кампања за собирање средства за војната, додека се борат со чувството на вина, траумите од фронтот и прашањето што навистина значи да се биде херој.
Филмот, во режија на Клинт Иствуд, истражува како се создаваат митови за хероизмот и колку е различна вистината зад славната фотографија.











