Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТЕЛМА вработува новинар-уредник за веб сајт и креатор на содржини за социјални мрежи

/

пред 529 дена

Сподели преку :

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција новинар-уредник на веб страната www.telma.com.mk. и content creator за социјални мрежи, за потребите на информативната редакција на телевизијата.

Заинтересираните новинари со искуство или почетници може да конкурираат со испраќање на кратка биографија и контакт-информации на електронската искуство: [email protected]

Кандидатите треба да имаат искуство во новинарството и потребни дигитални вештини за работа на веб сајт и на социјални мрежи како и познавања на основни компјутерски програми (Office word, WordPress, Canva и останати дигитални алатки и програми, потребни за извршување на работните обврски).

Потребно е одлично познавање на македонскиот литературен јазик, како и вештина за читање на новинарски прилози и содржини. Пожелно е солидно познавање на англиски јазик, а предност е и познавање и на други јазици.

Почетниците треба да имаат завршено студиска група по новинарство на Универзитетите во Македонија или сродни наставни програми односно Факултети за новинарство доколку студирале во странство.

Кандидатите треба да имаат искуство со работа во тим, како и искуство за работа со креирање на содржини во определен временски рок.