Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОЧУРИШТЕ (пон.-чет. 22:15)

/

пред 1488 дена

Сподели преку :

Во зовриениот град Белград, манијак убива три жени на крајно суров, ритуален начин. Жртвите ги обединува слободоумниот начин на живот и фактот дека се мајки на синови кои немаат татковци.
Деца кои не зборуваат. Напнатата полициска потрага по манијакалниот сериски убиец ќе трае 10 епизоди и ќе открие мрачни тајни од минатото и ќе ги вовлече хероите во спирали на измами, лаги и трагични животни искушенија.
Серијата го следи инспекторот Никола (Горан Богдан), поранешен хулиган, кој мора да се соочи со своето мрачно минато и сите негови тајни за да го открие серискиот убиец.
Колку е истрагата е поблиску до крајот, толку е посигурен дека нешто суштински ги поврзува него и убиецот. Ова е приказна за гревот и копнежот, за љубовта и омразата.
За пријателството засновано на криминал и тајни. За луѓе кои се и спасители и мачители, жртви и џелати. На крајот на краиштата, ова е приказна за град кој полека тоне во мочуриштето на своето минато.