Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАЈСИЛНИОТ ГЛАС

/

пред 1472 дена

Сподели преку :

Подемот и падот на контроверзниот медиумски тајкун на Фокс Њуз, Роџер Ејлс, е суштината на хит серијата „Најсилниот глас“.

Серијата „Најсилниот глас“ го прикажува Роџер Ејлс, извршниот директор на Фокс Њуз и Фокс ТВ, како човек без скрупули, човек кој во неговата телевизиска станица може да го менува мислењето без оглед на фактите.

Најава за трета епизода: Промена во Белата Куќа доаѓа Обама, прв Афро-Американец Претседател на САД- во „Најсилниот глас“ вечерва на Телма во 20:20 (четврток 07.04.2022.)
Најава за втора епизода: Нападот врз кулите близначки во Њујорк- тема на втората епизода  на „Најсилниот глас“ на Телма вечерва во 20:20 (среда 06.04.2022)

Серијата ги екранизира клучните настани во неговиот живот, вклучувајќи ги неговите искуства со светските лидери како што и започнува неговата кариера, за да заврши со тужбите за сексуално малтретирање на вработените што ќе му ги упропасти кариерата и позицијата во Фокс.

Човекот на кој што американските претседатели Буш и Трамп му должат многу за нивната успешна политичка кариера и амбицизните новинарки, кои добивале „prime time“ прегу неговиот кревет.

Во моќната интерпретација на Расел Кроу, кој со помош на мајсторите за маски е трансфомиран до непрепознатливост, ќе може да го следите овој агресивен, болно амбициозен и со политика опседнат телевизиски махер.

Во главните улоги, покрај Расел Кроу кој за оваа улога добива Златен глобус, се Сиена Милер, Наоми Вотс и Сет Макфаралн.

Креатори на серијата се Том Макарти и Алекс Мекалф.

7 часа шминкање и Расел Кроу стана десетици килограми подебелиот Роџер Ејлс во серијата „Најсилниот глас“ на Телма