Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Тајкун“-от во бегство: Што сакаше да му (по)каже убиениот Керкез? Во 5-тата епизода, најблиските му вртат грб на Владан.

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) е во стапица, оружјето со кое е убиен неговиот стар познанин Боро Керкез (го глуми Тони Михајловски)- ги носи неговите отпечатоци.

Полицијата му е зад петиците, пораката која обвинителката Јована (актерка Хана Селимовиќ) ја пренесува на политичките пријатели на Владан, „За Симоновиќ-нема помош“.

Помладиот Симоновиќ, синот Бојан е во потрага по деловни партнери додека постариот од своите соработници наместо помош добива сопки и пречки.

И во таква состојба, Владан се обидува да биде пред напорната полициска потера по него за да дознае кој стои зад заговорот против „Тајкун“-от.

Новата 5-та епизода од „Тајкун“ е вечерва, во 22:10 на ТВ Телма.