Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адидас ја прекина соработката со руската репрезентација

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Германскиот прозведувач на спортска опрема Адидас соопшти дека поради инвазијата врз Украина еднострано ја прекинува соработката со Руската фудбалска асоцијација.

Во соопштението на компанијате се истакнува дека поради моменталната ситуација тие се принудени да го раскинат договорот кој важи уште од 2008 година.

Во Адидас се свесни дека со овој потег ќе имаат голема финансиска загуба со оглед на фактот дека скоро три проценти од вкупниот приход на компанијата доаѓал токму од Русија.

Раскинот на договорот е само продолжение на санкциите кон рускиот фудбал откако вчера ФИФА и УЕФА донесоа одлука за суспендирање на националниот тим и клубовите од сите натпреваувања во нејзина организација.