Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алонсо во трет обид за победа на Индијанаполис 500

/

пред 2242 дена

Сподели преку :

Шпанецот Фернандо Алонсо во нов обид да ја освои Индијанаполис 500 за комплетирање на тројната круна во Моторспортот.

 

Двократниот светски  шампион во Формула 1 , Фернандо Алонсо имаше успешен тест на Индијанаполис. Шпанскиот пилот го управуваше болидот на Ероу Мекларен и заврши како петти на првиот слободен тренинг.Најбрз беше канаѓанецот Џејмс Хинчклајф од тимот на Андрети  со просечна брзина од 361 километар на час.Алонсо мината година не успеа да се квалификува за Инди 500.Во 2017 заврши на 24 место  со механички проблеми иако водеше 24 круга.Шпанецот кој наредната сезона  ќе се врати во Ф1 како пилот на Рено,се обидува да  ја освои тројната круна во Моторспортот.Алонсо веќе има победи на Формула 1 трка  во Монако и на  24 часа Ле Ман.Во историјата единствено британецот Грејем Хил комплетираше триумф на легендарните три трки. Според програмата од  104 издание на Инди 500,учесниците имаат уште две тренинг сесии.Официјалните квалификации ќе се возат на 15 и 16 август.Најбрзите 33 –ца ќе се појават на стартот во недела, 23 август  на првиот од 200 круга на фамозниот овален автодром  за триумф на најпрестижната американска трка.