Откако Севилја не ја прифати понудата на Барселона да го зангажира Иван Ракитиќ за сума од 10 милиони евра, менаџерот на Арсенал, Микел Артета веднаш го контактирал Хрватот со намера да го доведе во Лондон.
Сепак се чека и реакцијата на Каталонците дали се подготвени Ракитиќ во Арсенал да замине со попустот од 50 проценти во однос на бараната откупна клаузула или тој важи само за Севилја.











