Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атанасиевиќ дополнително повикан во составот

/

пред 1800 дена

Сподели преку :

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров почнуваат со тренинзите на собирот на националниот ракометен тим во рамките на ЕХФ недела со кој практично почнуваат подготовките за настап на Европското првенство кое на почетокот од следната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

На првиот ден од мини подготовките во Скопје присутни се ракометарите кои настапуваат во домашното првенство, а составот ќе биде комплетен откако на националниот тим ќе му се приклучат играчите кои имаа обврски кон своите клубови во странство.

Селекторот Лазаров во пресрет на собирот дополнително го повика 18-годишниот Петар Атансиевиќ од вториот тим на Еурофарм Пелистер и тој му се приклучи на братот близнак, Павле кој претходно се најде на потесниот список на играчи кои се во конкуренција за контролните натпревари со Египет што ќе се играат на 4 и 6 ноември.