Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бастијанини славеше на премиерата во Мото ГП

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Енеа Бастијанини е сензационален победник на премиерната сезонска трка во Мото ГП шампионатот откако славеше на трката за Големата награда на Катар.

Италијанецот  од тимот на Гресини со својот мотоцикл Дукати дојде до првата победа во кариерата во Мото ГП. Бред Бајндер на КТМ беше втор, додека подиумот денеска го комплетираше и Пол Еспаргаро на Хонда.

Марк Маркез заврши како петопласиран, а актуелниот светски шампион Фабио Квартараро беше деветии.  Освојувачот на пол-позицијата Хорхе Мартин не ја заврши трката по еден судир со Франческо Бањаја.

Следната трка во шампионатот е за две недели за Големата награда на Индонезија.