Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ботас на пол позиција во Силверстон,1-2 за Мерцедес во квалификациите

/

пред 2247 дена

Сподели преку :

Втора пол позиција сезонава,13  во  кариерата на Валтери Ботас.Финецот беше најбрз на квалификациите за петтата  трка од сезоната  што ќе се вози утре  на британскиот автодром  Силверстон,каде пред 70 години се одржа првиот Гран При викенд во историјата на Формула 1.Ботас беше за нецела десетинка  побрз од актуелниот светски првак Луис Хамилтон а зад тандемот на Мерцедес кој беше класа за себе на квалификациите,изненади Нико Хулкенберг.Замената за инфицираниот со Ковид 19  Серхио Перез ,успеа да стигне до трето место пред Макс Ферстапен од Ред Бул.Даниел Рикардо во болидот на Рено и клупскиот колега на Хулкенберг,Ленс Строл го пополнија третиот стартен ред.Во најдобрите 10 влегоа уште Пјер  Гасли од Алфа Таури,Шарл Леклер на Ферари,Александар Албон од Ред Бул и Ландо Норис  со Мекларен.